Охрид имаше одлична можност да израмни и да го одведе финалето во продолжение, oткако во последните 16 секунди од завршниот напад имаше и играч повеќе по исклучувањето на Георгиевски.
Јасухира и Иванковиќ создадоа предност на крило, искусниот Ојлевски имаше добар агол за шут, но ветеранот неочекувано се реши за – додавање за цепелин. Валах го сопре обидот на Јагуриновски, но судиите секако покажаа на престап, што значеше и крај на сонот за прв пехар на ГРК Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
