Видеолотарија Касинос Австрија со поддршка за мотоциклистичкиот шампион Христијан Бузалковски

Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да гради трајни пријателства, откако и во новата година обезбеди спонзорска поддршка за македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски, се со цел трикратниот БМУ шампион да може да учествува на меѓународните шампионати.

Видеолотарија останува доследна на своите заложби за поддршка на македонскиот спорт. Под мотото Играј со најдобрите, и годинава ги градиме заедничките релации со победниците. Во таа насока, со задоволство споделуваме дека со ново спонзорство, го поддржуваме  македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски, кој е член на Здружението Мото клуб „MK Sevety One Team“ од Скопје. Средствата од спонзорскиот договор, ќе му овозможат  учество на меѓународни шампионати.

„Од април до септември не очекува густ распоред и многу патувања низ Европа. Ќе настапиме повторно на „FIM Европскиот 1000 СТК, AlpeAdria интернационалниот шампионат, БМУ Европскиот шампионат, и на Македонскиот шампионат со вкупно 20 натпревари и тоа на патеките во Хрватска, Чешка, Словачка, Грција, Бугарија и Унгарија“, изјави Бузалковски.

Како потсетување, пред неколку дена во Верона, Италија се одржа гала настан, каде беа доделени наградите за престижниот европски шампионат во брзински мотоциклизам. Македонија за прв пат имаше свој претставник. Христијан Бузалковски заедно со неговиот тим, испишаа историја за македонскиот мотоспорт и на овој шампионат го освои бронзениот медал. Христијан ја претставува Македонија во најдобро светло во овојспорт, па и затоа гордо го носи епитетот „трикатен БМУ шампион“.

Спонзорство е дел од стратегијата на ВидеолотаријаКасинос Австрија како општествено одговорна компанија да ги поттикне спортските навики и да го негува развојот на спортскиот дух кај младите.

Се вчитува...