Видеолотарија Касинос Австрија спонзор на скијачите Мирко Лазаревски и Дардан Дехари

Видеолотарија Касинос Австрија ги поддржа скијачите Дардан Дехари и Мирко Лазаревски. Средствата од спонзорството ќе се искористат за нивна подготовка.

Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да биде пријател на спортот. Под слоганот Играј со најдобрите, обезбедивме спонзорство за македонските алпски скијачи Мирко Лазаревски и Дардан Дехари.  Средствата од спонзорството ќе бидат наменети за помагање и поддршка на кариерата на македонските алпски скијачи.

Дардан Дехари има долга и богата кариера и настапи на многу големи меѓународни натпревари, а минатата година беше единствениот алпинец во тричлениот олимписки тим на Македонија за зимските олимписки игри во Пекинг. Тој се натпреварува уште од мали нозе, ги минал сите возрасни категории, учествувал на светски првенства, на трки во Светскиот куп и многу други меѓународни натпревари.

Мирко Лазаревски  е најдобар македонски скијач во неговата возрасна категорија. Тој учествувал на олимписките игри за млади во Лозана, европските олимписки игри во Финска, како и други меѓународни натпреварувања.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите

Се вчитува...