Николов ја запечати титулата на Видеотон, лоша вест за Шкендија

Бобан Николов уште еднаш покажа дека е големо засилување за Видеотон сезонава, откако македонскиот репрезентативец со нов гол помогна неговиот тим да ја запечати шампионската титула на едно коло до крајот на сезоната.

Видеотон славеше со 2-0 на дуелот на домашен терен со Хонвед, а вториот погодок беше дело токму на Николов, кој стави крај на дилемите околу победникот на овој меч. Сега Видеотон има три бода предност во однос на Ференцварош, но овој тим ќе остане прв доколку двете екипи завршат со идентичен број на бодови, па јасно е дека Николов и соиграчите вечерва ќе почнат да ја слават шампионската титула.

Ваквиот расплет во Унгарија е лоша вест за македонскиот првак Шкендија, кој дефинитивно нема да биде носител во ждребот од квалификациите за Лигата на шампионите.

Се вчитува...