Видиќ: Не се откажувам од кандидатура за прв човек на српскиот фудбал… Сето тоа е игра на Терзиќ

Легендарниот српски фудбалер Немања Видиќ ја продолжува борбата за поддршка на фудбалска Србија и борбата за први човек фудбалот кај нашиот северен сосед.

Немања Видиќ за прв пат по објавувањето на намерата да се кандидира за функцијата реши да размисли за текот на изборниот процес. Без дилеми тој вели дека е подготвен да оди до крај и покрај игрите кои ги игра првиот човек на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ.

„И покрај приказните кои кружат, сакам да истакнам дека не се откажав од својата кандидатура и дека како услов за официјална кандидатура ги имам потписите на пет делегати. Ме поддржаа и пред шпекулациите за кандидатурата на Драган Џајиќ. За жал, притисоците се големи и врз делегатите и врз потенцијалните членови на мојот Извршен одбор. Не гледам зошто мојата кандидатура е проблем и сакам да истакнам дека зад се стои Звездан Терзиќ, кој очигледно сака да се бори со сите легенди на Звезда. Не се откажувам, како што никогаш не се откажувам“, изјави Немања Видиќ. 

Почесниот претседател на Црвена звезда, Драган Џајиќ, официјално доби поддршка од западниот и источниот регион. Според најавите, кандидатурата на Видиќ ќе се заснова на поддршка од најмалку пет делегати на идното собрание. Фудбалската федерација на Србија својот нов претседател ќе го добие на 14. март.

Се вчитува...