Немања Видиќ имаше визија и проект како претседател на Фудбалскиот Сојуз на Србија да овозможи развој на овој спорт кај нашиот северен сосед, но легендарниот фудбалер не успеа во изборите во кои за противкандидат го имаше Драган Џајиќ, па самиот се повлече неколку дена пред одржувањето на собранието на ФСС.
Екс-фудбалерот на Манчестер Јунајтед се уште е разочаран поради се она што се случува, па во интервју за НИН јавно говореше за проблемите во општеството во Србија, прашувајќи дали тој ќе треба најпрвин да заврши во затвор за да стане доволно добар за функција во српскиот фудбал.
„Искрено, не можам да се помирам со тоа дека фудбалот го водат Драган Џајиќ, кој беше во затвор и призна дека правел малверзации додека бил на чело на Црвена Звезда, и Звездан ТЕрзиќ, кој не докажа невиност, туку бројните случаи против него застареа. Овие две лица ги водат најголемите организации во српскиот фудбал, ФСС и Црвена Звезда. Нормално е да се запрашам, дали јас треба прво да одам во затвор за да бидам доволно добар за функција во српскиот фудбал. Џајиќ четири години не успеа да ја докаже невиноста, на крајот беше аболициран од претседателот Томислав Николиќ, со што фактички призна дека учествувал во малверзациите и грабежите во Црвена Звезда. Терзиќ од друга страна на сите страни говори како е горд што бил во затвор, како таму запознал бројни квалитетни луѓе. Јас немам проблем тој така да ги воспитува своите деца дома, но кога го говори јавно праќа порака и до моите деце и до целиот народ – во ред е да правите криминали, да одите во затвор, тоа е вистинскиот пат до успехот во животот“, истакнува Видиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА