„Видовитиот“ Енрике: ПСЖ ни даде четири гола, ние на нив шест

Барселона го направи невозможното – дури 185 пати досега екипи се наоѓале во негатива од 4-0 по првиот меч и ниту еднаш не успеале да ја минат таа пречка. Каталонците го сторија тоа вечерва, и тоа со неверојатен камбек и три гола од 87. минута до крајот на мечот за кој уште долго ќе се говори.

А Луис Енрике како да беше „видовит“, па во најавата пред мечот јасно стави до знаење што очекува од своите фудбалери.

ПСЖ ни даде четири гола во Париз, зошто ние да не им дадеме шест во Барселона“ -рече тренерот на Барса, и така бидна.

Историјата е испишана, но каталонците сигурно нема да застанат тука, туку ќе продолжат со атакот на тронот на Европа.

Се вчитува...