Виена е симпатична во црвено-жолто (ФОТО)

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Се вжештува атмосферата во близина на „Штадхале“, каде се повеќе можат да се видат навивачи во црвено-жолта боја како се упатуваат кон арената каде ракометарите во 20.30 часот ќе ја водат првата битка на овој европски шампионат.

Едно е повеќе од сигурно, Македонците вечерва ќе ја добијат битката на трибините, но многу поважно ќе биде кој ќе излезе како победник на теренот, за заедничка радост на крајот и зголемен оптимизам пред наредните предизвици во Виена.

Се вчитува...