Виенцек: Вардар има најдобра одбрана во светот

На патот кон Келн, Вардар во недела му гостува на Кил во „Шпаркасе Арена“, во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Дуелот меѓу акуелниот и поранешниот двоен европски шампион привлекува големо внимание во ракометна Европа.

Кил минатата сезона не стигна до Ф4 во Келн, а годинава на патот му стои Вардар или „ една од најтешките пречки“како што признава пикерот на „зебрите“ , Патрик Виенцек.

Вардар е една од најтешките пречки во светскиот ракомет. Тие имаат најдобра одбрана во светот, со различни варијанти во дефанзивната тактика, и имаат многу опции во нападот. Ако ја браниш титулата во Лигата на шампионите и штотуку ја одбрани титулата во СЕХА лигата на така доминантен начин, тогаш сигурно ти си фаворит“ – истакнува Патрик Виенцек.

Но, пикерот на Кил, сепак, потенцира дека Германците никогаш не се предаваат однапред, а не одат со „бело знаме“ ни во претстојниот дуел со Вардар.

Сите можеа да видат за што сме способни со поддршка на нашата публика во осминафиналниот дуел со ПИК Сегед. Во недела се надевам на „белиот ѕид“ на трибините. Заедно ќе се бориме да го оствариме нашиот сон за Келн“ – вели Виенцек.

Реваншот меѓу Вардар и Кил по кој ќе биде познато кој од овој дуел ќе патува за Келн, ќе се одигра на 29 април во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Се вчитува...