Виктор Томас: Лазаров е извонреден шутер и добар пријател

mec baner

Репрезентацијата на Шпанија ќе биде следниот противник на Македонија на СП во Франција, во утрешниот четврти натпревар од групната фаза. Шпанците имаат максимални три победи и обезбеден пласман во осминафиналето на шампионатот, но со Словенија се борат за првата позиција во групата Б и посакуваат да останат непоразени до крај. Пред утрешниот дуел со Македонија, вниманието најмногу е насочено кон македонскиот капитен, Кирил Лазаров. Тие добро го познаваат бекот на Барселона и знаат дека тој ќе биде најголемата опасност по нивниот гол.

„Секако, ќе мора да внимаваме на Кирил Лазаров бидејќи тој е навистина добар играч, извонреден шутер и добар пријател, исто така. Посакуваме победа на овој натпревар, ќе се обидеме да триумфираме“ – вели Виктор Томас кој му е соиграч на Лазаров во Барселона.

Десното крило на шпанската репрезентација додава и дека Шпанија ќе биде подготвена да најде решение за нападот со седум играчи што го форсира репрезентацијата на Македонија на овој шампионат.

„Мислам дека има мали промени кај македонската репрезентација. Селекторот сака да игра со седум играчи и ние мора да бидеме подготвени за тоа. Го гледав првото полувреме од натпреварот против Словенија, мислам дека после овој пораз, тие ќе се обидат да извлечат позитивен резултат во натпреварот со нас бидејќи ќе им биде потребна победата“ – истакна Виктор Томас.

Се вчитува...