Поранешниот македонски репрезентативец Виктор Треневски има нов тренерски ангажман, и тоа сосема изненадувачки ако се знае дека нов клуб на поранешниот стратег на Работнички е Бежанија, екипа што се натпреварува во Српската лига – зона Белград.
Тимот од Нов Белград влегува со големи амбиции за влез во повисок ранг на натпреварување, цели што се надева дека ќе ги оствари токму со Треневски на клупата.
„Се се случи многу брзо. Бежанија е голем клуб, со исклучително високи амбиции и за мене е чест што сум именуван за нов шеф на стручниот штаб. Гледам дека луѓето тука се амбициозни, условите за работа се добри, се средува и теренот и верувам дека ги имам сите предуслови за квалитетна работа. Најискрено, не ми е важно во која лига се натпреварувам, ова е интересен проект, српски клуб со традиција и сакам да помогнам да се врати онаму каде што припаѓа“, изјави Треневски по потписот на двогодишниот договор.
Тој своето деби за новиот клуб ќе го има веќе в петок, на гостувањето против екипата на Ушче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
