Виландер: Дали Ноле ќе беше исфрлен ако имаше 20.000 публика?

Мац Виландер кој е познато дека не е голем вљубеник во играта на Новак Ѓоковиќ, овој пат застана во одбрана на Србинот кој е дисквалификуван од УС опен откако со топче ја удри линиската судијка на мечот против Карен Буста.

„Не сум сигурен дека е фер. Ноле не ја удри судијката намерно. Правилата се јасни да, но претпоставете да имаше 20.000 навивачи кои ќе свиркаа на оваа одлука, дали организаторите ќе одлучеа. Никогаш не сум видел вака драматична ситуација во мојот живот“, изјави Виландер.

Ѓоковиќ е само третиот тенисер во историјата кој добил дисквалификација на грен-слем турнир.

Се вчитува...