Вилијан останува на „Стемфорд бриџ“ и следната сезона

Бразилскиот интернационалец Вилијан ќе остане во редовите на Челси и следната сезона, иако евидентно е дека лондонскиот тим речиси сигурно нема да се пласира во Лигата на шампионите. Сепак, тој одлучил и понатаму да остане верен на клубот од „Стемфорд бриџ“.

Вилијан веќе пет сезони е во Челси, а дојде од редовите на рускиот клуб Анжи во 2013 година за сума од 30 милиони фунти. Интересно е дека тој беше договорен за трансфер во Тотенхем, но во последен момент раководството на Челси успеа да го „украде“ и да го добие неговиот потпис.

Откако е во Челси, тој освои три трофеи, двапати со клубот го славеше шампионскиот пехар во Премиер – лигата, а има и титула во Лига – купот на Англија.

Се вчитува...