Вилијан Жозе: Жал ми е што не останав во игра да дојдам до рекордот од пет гола!

Без конкуренција најдобриот фудбалер синоќа на теренот во победата на Реал Сосиедад против Вардар беше бразилскиот офанзивец Вилијан Жозе.

Со четири од шестте гола на Шпанците, едноставно ги откажа „вардарци“ од надежта дури и за нешто поблаг пораз. Жозе е среќен за триумфот на својот тим и од своето издание, но како што истакна по мечот малку му е и жал што не останал во игра како би го стигнал рекордот на постигнати голови од еден фудбалери во натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа на еден меч.

„Секако ова е голема победа за нас. Сите тимови кои играат во ЛЕ се добри, а кога вие ќе победите на овој начин тогаш навистина тоа кажува за вашиот квалитет. Но, да бидам искрен малку ми е жал што не останав во игра, а бев повлечен во 60. минута како до крајот би стигнал и до рекордот од пет гола на еден натпревар во најквалитетните европски натпреварувања“ – вели Вилијан Жозе.

Жозе остана да чека нова шанса за да го стигне рекордот на Лионел Меси кој во 2012 година постигна пет гола во победата на Барселона од 7-1 против Баер Леверкузен во Лигата на шампионите, како и на Адуриз кој за Атлетико Билбао има постигнато пет гола на еден меч во Лигата на Европа.

sosiedad sut

Но, како и да е, изданието на Вилијан Жозе на мечот против Вардар е оценето со чиста „десетка“ безмалку од сите европски медиуми… Речиси, идеално…

Willian Joze goal point

Се вчитува...