Вилјареал најде замена за Марселино, кој ја напушти клупата на „жолтата подморница“ по три сезони.
Се работи за 38-годишниот Ињиго Перез, творецот на големиот успех на Рајо Валјекано, со кого оваа сезона стигна до финалето на Конференциската лига.
Во Вилјареал се надеваат дека со Перез ќе се продолжи континуитетот на добри резултати што го започна Марселино, со два последователни пласмани во Лигата на шампионите.
Со новиот тренер беше потпишан договор до 2029 година. Перес го водеше Валјекано две сезони, што беше неговиот прв тренерски ангажман во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
