Вилјареал против Леванте им се врати на победите (ВИДЕО)

Вилјареал славеше со 2-1 против Леванте во натпревар од 17. коло во шпанската Ла лига. Жолтата подморница стигна до важни три бода откако по одличниот старт на сезоната во последните пет натпревари забележа само една победа. Фер Нино во 19. и Жерард Морено во 54. минута беа творци на победата на домаќините, а до крајот гостите успеаја да постигнат почесен гол преку Серхио Леон во 73. минута.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди се уште е надвор од терените поради повредата на грбот која ја заработи непосредно пред бараж дуелот со Грузија за пласман на Европското првенство.

Со овој триумф Вилјареал се враќа на 4. позиција на првенствената табела со 29 бода, додека Леванте останува 12. со 18.

 

 

Се вчитува...