Вилјареал сериозно ослабен на „Енфилд“

Вилјареал се соочува со сериозни проблеми во пресрет на вечерашниот ден против Ливерпул, откако Унаи Емери остана без клучни фудбалери за пресметката со „црвените“ на Јирген Клоп.

Јереми Пино, 19-годишниот крилен фудбалер кој има најмногу настапи од целиот тим на Вилјареал сезонава, се повреди и нема да може да настапи на „Енфилд“, исто како и левиот бек Алберто Морено, кој веќе подолго време е во „аут“.

Главоболка плус за Емери претставува повредата на одличниот напаѓач Жерар Морено, кој допатува во Ливерпул, но речиси сигурно нема да биде стартер, па прашање е дали тренерот на Вилјареал ќе ризикува со негов настап вечерва или пак ќе го сочува за реваншот на „Ел Мадригал“.

Се вчитува...