Вилјареал со уште едно одлично засилување

Вилјареал со зголемени апетити ќе влезе во новата сезона, овој клуб најпрвин го донесе Унаи Емери за тренер, а потоа ангажираше и неколку врвни засилувања. Хозе Калјехон треба да стане најново засилување на „жолтата подморница“ откако крилниот офанзивец начелно ги договори условите за двогодишна соработка со овој клуб.

Калјехон е слободен играч по истекот на договорот со Наполи, претходно беше поврзуван со Бетис и со Валенсија, но поранешниот ас на Реал Мадрид сепак го избрал Вилјареал за следна дестинација во кариерата. Тој заминува од Неапол по 349 одиграни натпревари за Наполи, постигнувајќи 82 гола и бележејќи 78 асистенции.

Тој ќе биде четврто значајно засилување за „подморницата“, а интересно е што Вилјареал повторно не плати ниту евро, како и при ангажманите на Кубо од Реал Мадрид (едногодишна позајмица), ни за Парехо од Валенсија. „Жолтата подморница“ плати отштета само за Кокелан од Валенсија, и тоа скромни шест милиони евра.

Се вчитува...