Организаторите на Вимблдон одлучија, како што стојат работите, да ги укинат новите правила за распоредување, по што најголем профитер е Новак Ѓоковиќ. Или сè е само една голема грешка?!
Со години, Вимблдон имаше посебни правила за распоредот на мечевите, во однос на другите грендслем турнири. Сепак, тоа беше укинато во 2020 година и оттогаш правилото е исто како и на другите три слем турнири – носителите беа одредувани според рангирањето објавено во понеделник, во неделата пред почетокот на турнирот.
Според тоа, Новак Ѓоковиќ, осмиот тенисер во светот, требаше да биде седми носител поради отсуството на Карлос Алкараз. Сепак…
Вимблдон го шокираше тенискиот свет, денеска објавувајќи ја листата на носители со Ѓоковиќ рангиран на третото место!
Тоа беше направено без никакво објаснување, барем засега. На почетокот се претпоставуваше дека ја реактивирале старата формула што ги пресметува претходните резултати на трева. Но, по само два часа по објавата на Инстаграм, целата објава беше избришана, потврдувајќи дека најверојатно станува збор за грешка, па се очекува Вимблдон наскоро да излезе со појаснување…
Како и да е, ако се покаже дека Новак е навистина трет носител, тоа значи дека тој сè уште не може да игра со Јаник Синер или Саша Зверев во четвртфиналето на Вимблдон, туку најрано во полуфиналето, и дека може да се сретне само со еден од двајцата до финалето, во зависност од ждрепката што е закажана за четврток.
Главниот турнир на Вимблдон започнува во понеделник, 29 јуни, освен ако организаторите не одлучат одеднаш да го променат и тоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
