Вињалес е број 1 во Малезија

Маверик Вињалес триумфираше на денешната трка од Мото ГП шампионатот што се возеше во Малезија, апсолутно заслужен триумф со оглед на доминацијата што шпанскиот возач ја имаше на патеката Сепанг.

Шампионот Марк Маркез извозе одлична трка, со оглед на фактот дека стартуваше од 11. позиција. Тој веќе по првиот свиок стигна до петтото место, нешто подоцна стигна и до втората позиција, но сепак не можеше да го мине Вињалес, кој ја заврши трката со три секунди подобро време од својот сонародник.

Третото место му припадна на Андреа Довициозо, додека Валентино Роси мораше да се задоволи само со четвртата позиција на оваа трка, пред Ринс, Морбидели и Квартараро.

Марк Маркез е убедливо прв во генералниот пласман со 395 бода, пред Довициозо со 256, Вињалес со 201, Ринс со 194 бода…

Се вчитува...