Вињалес го победи Маркез во извонредна трка, Роси трагичар во Асен

Маверик Вињалес стигна до првата победа сезонава во Мото ГП шампионатот откако триумфираше на Големата награда на Холандија во Асен.

Возачот на Јамаха 25 круга на патеката во Асен ги мина за нешто повеќе од 40 минути. Во извонредна трка победи пред Марк Маркез и Фабио Квартарара кој неколку кругови беше водечки.

Валентино Роси беше еден од трагичарите на трката откако во 11-от круг излета од патеката, притоа исфрлајќи го од трката и Тагаками кој мораше да добие и лекарска помош по излетувањето.

Со оглед на тоа дека Андреа Довициозо мина како четврти, со освоеното второ место Маркез дополнително си ја зацврсти водечката позиција во генералниот пласман.

Се вчитува...