Жозе Мурињо од денеска го има комплетниот ростер на Реал Мадрид на располагање откако во тренинг-кампот се појавија и Винисиус, Брахим Дијаз и Бернардо Силва, триото што утрово се приклучи на подготовките на „кралскиот клуб“.
Во центарот на вниманието е Винисиус, чија иднина во редовите на „кралевите“ е неизвесна поради фактот дека има договор со Реал на само уште 11 месеци, а сите обиди за продолжување на соработката досега беа неуспешни.
Флорентино Перез станува нервозен бидејќи може да го загуби еден од највредните фудбалери во клубот без никаква отштета следното лето. Целата ситуација будно ја следи Арсенал, англискиот првак веќе имаше успешна рунда преговори со самиот играч, но допрва следи потешкиот дел од задачата – да се најде заеднички јазик меѓу клубовите.
Клучен се очекува да биде денешниот состанок меѓу Винисиус и Перез, на кој ќе стане јасно колку се далеку двете страни од потпис на нов договор. Ако дистанцата е голема, се очекува Флорентино да го стави Бразилецот на трансфер-листа, но од Мадрид веќе порачаа дека очекуваат најмалку 160 милиони евра за оваа фудбалска суперѕвезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
