Винисиус ги спаси „кралевите“, Реал обезбеди тешко реми против Реал Сосиедад

Реал Мадрид дојде до тешко реми против Реал Сосиедад, откако во 89. минута Винисиус погоди за конечни 1-1. Во тврд натпревар од 25.коло во шпанската Ла Лига, гостите поведоа со голот на Кристијан Порту во 55. минута, гол кој ги стави на мака „кралевите“, кои сериозно се измачија да дојдат до реми.

По низа напади конечно реализираа за еден гол, на една минута пред крајот, кој се покажа доволен само да избегнат пораз на домашен терен.

Ваквиот исход не донесе голема промена на табелата кај двата тима, Реал Мадрид останува на третата позиција, додека тимот на Сосиедад го задржа петтото место, па сега се доближи на шест бодови до Севилја.

Се вчитува...