Винисиус: На ниту еден расист не смее да му се дозволи да стапне на стадион!

Ѕвездата на Бразил и Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, иако е млад фудбалер досега во неколкунаврати се соочи со расистички навреди откако е дојден во Шпанија.

Напаѓачот на „кралевите“ сега се огласи и побара жестоко да се казни секој расист на трибините и да му биде изречена доживотна суспензија да дојде на стадион.

Винисиус се најде на удар најмногу поради своето славје при постигнатите голови со танц, а најмногу расистички навреди добил за време на мадридското дерби со Атлетико.

„Расистите мора да платат на некој начин. Ако сакаат да гледаат фудбал, како што е случај со навивачите на Атлетико, тогаш најдобра казна е доживотна забрана. На ниту еден расист не смее да му се дозволи да стапне на стадион“, рече Винисиус.

Се вчитува...