Винисиус: Не се плашиме од Меси, најдобрите и онака играат за Реал

Реванш натпреварот меѓу Реал Мадрид и Барселона ќе даде одговор кој од овие два тима ќе се пласира во големото финале од Копа дел реј. Првиот меч на „Камп ноу“ заврши без победник, 1-1, а Бразилецот Винисиус очекува беспоштедна битка и на реваншот што ќе се игра в среда на „Сантијаго Бернабеу“.

Секој фудбалер сонува да игра на Ел Класико, јас имав можност да настапам на првата средба, се надевам дека ќе бидам стартер и на реваншот. Нема да биде лесно, но верувам дека можеме да стигнеме до победата. Лионел Меси е исклучителен фудбалер, секогаш е опасен, но ние немаме причина да стравуваме од него. Реал Мадрид ионака ги има најдобрите играчи во светот, затоа и не се плашиме од никого“ – истакна Винисиус.

Реваншот меѓу Реал Мадрид и Барселона на програмата е в среда со почеток во 21 часот.

Се вчитува...