Винициус шокираше со новиот изглед – Бразилецот со естетска корекција на лицето (ВИДЕО)

Бразилскиот репрезентативец и ѕвезда на Реал Мадрид, Винициус Жуниор, го привлече вниманието на јавноста откако се појави со видливо изменет изглед. Според бразилските медиуми, 26-годишниот фудбалер за време на одморот по Светското првенство се подложил на естетска процедура со која одлучил да ги нагласи и обликува брадата и вилицата.

Станува збор за процедура позната како „хармонизација на лицето“ – популарен третман во естетската медицина чија цел е постигнување поизразена симетрија и хармонија на цртите на лицето. Според достапните информации, Винициус ја извршил процедурата во Бразил, а најголема промена е забележлива во изгледот на долниот дел од неговото лице.

Се вчитува...