Винс Картер ќе ја игра рекордната 22 сезона во НБА лигата. Тој се договорил со Атланта да остане во клубот и во претстојната сезона. За 42-годишниот кошаркар тоа ќе биде последна година пред пензионирањето.
Ако се реализира најавата, Картер на вечната листа ќе ги надмине Роберт Периш, Кевин Вилис, Кевин Гарнет и Дирк Новицки кои имаат по 21 сезона во Лигата.
Ветеранот во НБА дојде во далечната 1998 година во Торонто како петти пик на драфтот. Потоа беше дел од Њу Џерси, Орландо, Феникс, Далас, Сакраменто и сега од Атланта. Во кариерата вкупно досега има 25 430 поени го држи 20-то место на вечната листа.
Со репрезентацијата на САД во 2000 година во Сиднеј го освои олимпиското злато, осум пати беше дел од Ол-стар викендот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА