Висла Плоцк го шокираше ПСЖ, победи и за Магдебург и за Алборг

Ракометарите на Висла Плоцк продолжуваат со одличните партии сезонава во Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен славеа и против Пари Сен Жермен со 33-31 во натпревар од 5. коло.

Иако гостите беа подобар противник во првиот дел добивајќи го со 13-16, домаќините со неверојатна игра во второто полувреме стигнаа до конечен триумф од 33-31. Мелвин Ричардсон со десет гола, додека кај поразените Пранди заврши со 12 гола.

Aктуелниот шампион Магдебург славеше на гостувањето кај Пик Сегед со 30-34, додека Алборг беше сигурен против Динамо Букурешт 34-28.

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...