Височината е проблем: „Џинот“ на Бостон се повредил миејќи си ги рацете

Највисокиот кошаркар во НБА-лигата, Тако Фол, ќе мора да почека на своето официјално деби во дресот на Бостон Селтикс, откако на бизарен начин се здобил со незгодна повреда на главата.

Имено, Фол по еден тренинг се удрил со главата во таванот на тренинг-центарот на Бостон во Масачусетс додека си ги миел рацете во тоалетот. Два дена подоцна тој се пожалил на силни вртоглавици, по што тренерите по консултациите со медицинскиот тим решиле тој да не настапи на премиерниот меч од новата сезона против Филаделфија.

„Тој како да заборави колку е висок. Верувам дека ова ќе го научи почесто да ја наведнува главата. Се надевам дека набрзо ќе го имам на располагање во екипата“ – изјави тренерот на Бостон, Бред Стивенс.

Се вчитува...