Вистинска сага околу трансферот на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов полскиот Погон Шчечин, која доби нов пресврт.
По тврдењата дека сопственикот на Погон, Алекс Хадитаги во последен момент им го ‘грабнал’ Чурлинов на газдата на Видзев Лоџ, Роберт Добзицки, полските медиуми сега објавуваат дека Македонецот воопшто немал намера да потпише за тој клуб.
Според тие изјави, поранешниот фудбалер на Барнли бил незадоволен од организацијата во Видзев, начинот на кој бил третиран за време на лекарските прегледи, но и за време на преговорите со челниците на клубот.
Ова значи дека Погон, како што тврдат полски извори, не бил единствената причина зошто трансферот во Видзев пропаднал.
Во меѓувреме, сопственикот на Погон, Алекс Хадитаги, одговори на пораките на Лукас Масловски, еден од директорите на Видзев, кој ја презема својата функција дури на 10 август (?!), испраќајќи порака преку социјалните мрежи што брзо привлече внимание.
Масловски со заканувачки тон претходно напиша „дека ќе види каде ќе бидат Погон и Дарко за две години, и каде ќе биде неговиот тим“.
„Кога ќе поканите жена на вечера, таа нема никаква обврска да се заљуби во вас“, напиша Хадитаги, алудирајќи на фактот дека Чурлинов немал никаква обврска да ја прифати понудата на Видзев.
Łukasz,
Let me make something very clear from the beginning. I am dealing directly with your owner and your boss. Owners speak to owners. He has already contacted me, and I have already responded to him privately.
If you, or anyone else from Widzew, wishes to communicate… pic.twitter.com/iwGBCRf0GB
— Alex Haditaghi (@CanDisenchanted) July 28, 2026
Оваа изјава дополнително ја разгоре дебатата во полскиот фудбал, каде што неуспешниот трансфер на македонскиот репрезентативец е една од главните теми во последните денови.
Чурлинов, во секој случај, се врати во Полска каде што претходно ги бранеше боите на Јагелонија, сега со двегодишен договор со Погон Шчечин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
