Вистинската убавина на спортот: 16-годишниот голман на Кјелце одбрани пенал, па плачеше од радост! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу полски Кјелци и Рајн Некар Левен во многу нешта ќе остане запаметен во аналите на ракометната лига, поради ставот на Германците со младински тим да го играат мечот.

Полјаците останаа „неми“ на нивните барања за поместување на мечот поради настапот во ист ден и во Бундеслигата, па во знак на револт Рајн Некар Левен играше со вториот тим.

Сепак, натпреварот и засекогаш ќе остане во сеќавање и на 16-годишниот голман на Кјелци, Милош Валак. Доби шанса да влезе во игра во финишот од мечот и успеа да одбрани пенал на противникот. Откако од трибините почнаа со скандирање на неговото име младиот Милош не можеше да ги сокрие и солзите на клупата… Солзите радосници!

Се вчитува...