Португалскиот фудбалер Витиња е прогласен за најдобар играч на финалето во Лигата на шампионите, откако Пари Сен Жермен по изведувањето пенали го совлада Арсенал и ја одбрани европската круна.
Играчот од средниот ред одигра 106 минути со целосна контрола над играта, пред да биде заменет од Лукас Бералдо. Португалецот оствари импресивна статистика со 141 успешно додавање од 150 обиди, потврдувајќи ја својата доминација на теренот.
Иако тимот на Луис Енрике не беше многу офанзивно расположен поради дефанзивата на Арсенал, Витиња повторно се покажа како мотор на ПСЖ и заслужено го понесе признанието за играч на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
