ЕКИПА во Фрибург, Швајцарија
Стеван Цаневски
Шејн Витингтон е најновиот Американец што ќе го облече дресот на македонската репрезентација, центарот на Зенит своето деби ќе го има токму на денешниот дуел во Фрибург со Швајцарија (19.30 часот). Тој ќе има одговорна задача да го наследи Ричард Хендрикс, кој играше одлично на претходните три натпревари, но Витингтон се чувствува подготвен за предизвикот.
„Работевме квалитетно во овие десетина дена и подготвени сме за Швајцарија. Лично можам да кажам дека едвај чекам да заиграм за Македонија, тренинзите беа добри, но ова е она вистинското, официјални натпревари. Имавме можност да го анализираме противникот, знам дека моите соиграчи лани играле против Швајцарија и победиле, се надевам дека истото ќе го сториме и денеска на гостински терен. Би сакал победнички да дебитирам за македонската репрезентација, па потоа од септември да продолжам со настапите за националниот тим“ – изјави Витингтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА