Витингтон на располагање на Давитков, може да заигра против Швајцарија

Македонија ќе влезе со нов натурализиран кошаркар во подготовките за последниот меч од претквалификациите за Евробаскет 2021 против Швајцарија. Селекторот Давитков в понеделник ќе ја има првата прозивка, а меѓу оние кои ќе се појават на неа ќе биде и Американецот Шејн Витингтон.

Станува збор за играч со кратко НБА искуство како член на Индијана пејсерс, кој минатата сезона ја мина во дресот на рускиот прволигаш Зенит. Тој би бил решение за центарската позиција, на која Давитков за дуелот во Швајцарија не може да смета на Хендрикс, како и на повредениот Младеновски.

Со ова продолжува трендот на менување на натурализираните кошаркари во нашата репрезентација, откако во претходниот период  ги изротиравме Ричард Хендрикс, Ромео Тревис, Џордан Теодор, повторно Хендрикс, па сега и Витингтон.

Се вчитува...