Вицешампионот со екстра засилување: Кире Николовски се врати во Еуро Никел

Кире Николовски по речиси пет години повторно ќе биде дел од кавадаречкиот прволигаш откако ја официјализираше соработката со Еуро Никел. Поранешниот репрезентативец сезоната ја започна во Кожув каде беше еден од клучните играчи на тимот, но и тој се одлучи да го напушти составот по смената на раководството.

Двестаидесет сантиметри високиот центар на 12. одиграни напревари во „црвено-белиот“ дрес бележеше просек од 18.7 поени и 8.2 скока по натпревар со 50 отстотна реализација за три поени со што значи дека ќе биде сериозна аквизиција за вицешампион во обидот да се повтори минатогодишниот успех.

Останува да видиме како ќе одговори Кожув во вториот дел од сезоната со оглед на тоа што претходно замина и Чаз Вилијамс, американскиот плејмејкер кој заедно со Николовски беше дуото кое го предводеше тимот. Како потсетување, по смената на раководството промена доживеа и тренерското место каде замина Павле Николов, а на него седна Перо Блажевски.

Се вчитува...