Куман има причина да се плаши – Чави го напушта Ал Сад

Легендарниот фудбалер на Барселона и шпанската репрезентација, Чави Хернандез очигледно нема да остане повеќе во Катар, каде досега го водеше тимот на Ал Сад. Чави освои неколку трофеи со овој клуб, но реши да ја одбие понудата за нов договор со Ал Сад, подготвувајќи се за враќање назад „дома“.

Не е тајна дека Жоан Лапорта го посакува на клупата на каталонскиот гигант и дека ќе стори се за да го донесе. Додека тој избегнуваше да биде во контакт со поранешниот клуб за време на Бартомеу, Чави му даде поддршка на Лапорта.

Во моментов, Барселона заостанува на два бода од лидерот Атлетико, и е изедначена со Реал. Во следното коло Барселона ќе се сретне со Атлетико, но покрај победата над тимот на Симеоне во преостанатите три кола, потребно е Реал да киксне барем уште еднаш, бидејќи во моментов кралскиот клуб има предност поради подобриот скор во меѓусебните дуели.

За очекување е Куман да остане на клупата на Барса доколку стигне до титулата во Ла Лига, но ако тоа не се случи, Чави ќе биде подготвен да го преземе кормилото на каталонскиот гигант.

Се вчитува...