Вклучен алармот на „Олд Трафорд“ – Солскјер во јануари носи тројца дефанзивци

Манчестер Јунајтед и сезонава игра далеку под очекувањата. По слабиот старт во Премиер-лигата, следеше елиминација во Лигата на шампионите. Особено играта во одбрана е голем проблем, бидејќи скоро на секој меч тимот од „Олд Трафорд“ прима по два гола.

Затоа менаџерот на тимот, Оле Гунар Солскјер веќе во јануари сака во тимот да доведе дури тројца дефанзивци. Како прва опција се споменува Дајот Упамекано од Ред Бул Лајпциг, а во игра се и Рафаел Варан од Реал Мадрид како и младиот фудаблер на Брјатон и Хов Албион, Бен Вајт.

Јунајтед веќе утре го очекува тежок натпревар против градскиот ривал, Манчестер Сити во кој доколку дојде до пораз, големи се шансите да има големи промени во јануарскиот преоден рок.

Се вчитува...