Вклучен црвениот аларм во Баерн, Левандовски го нема на тренинг!

Најдобриот фудбалер на Баерн Минхен, Роберт Левандовски го последниот тренинг, што е вклучување на алармот, пред дербито против Борусија Дортмунд во сабота.

Баерн е само на три бода од јубилејната 10-та последователна титула во Бундеслигата. Од баварскиот гигант објаснуваат дека Левандовски не бил на тренинг поради приватни причини, но веќе се шпекулира дека ова е поради одлуката на Полјакот да не го продолжи договорот со Баерн.

Мануел Нојер и Томас Милер најавија дека остануваат во Баерн, но Левандовски одби да ја продолжи соработката, па баварскиот гигант ќе биде проморан летоска да го продаде за сума од 40 милиони евра. Доколку Баерн реши да го задржи Левандовски, тогаш Полјакот во јуни 2023 година ќе може да си замине како слободен играч.

Се вчитува...