Влад Кирикеш: Македонија многу загуби со пензионирањето на Пандев, но сега се подобар колектив

Фудбалерот на италијански Сасуоло, Влад Кирикеш пред утрешниот натпревар на Романија со Македонија во Скопје во квалификациите за СП 2022 вели дека македонската селекција загубила многу со пензионирањето на Горан Пандев, но сега е подобар колектив, со колективната игра како главно оружје.

„Мислам дека со пензионирањето на Пандев загубија многу, тој е феноменален играч. Но, како што рече селекторот сега се далеку подобра група, посилно како колектив далеку поорганизирани. Токму поради тоа мислам дека не очекува потежок меч од оној во Букурешт“ – истакна Кирикеш на прес-конференцијата во Скопје, притоа дополнувајќи:

„Ние се соочуваме со проблеми поради неколкуте отсуства, но мора да останеме мотивирани затоа што неопходна ни е победа од овој натпревар. Сакаме да победиме и ќе одиме на три бода. Ќе биде многу борбен меч со цврста игра на средината од теренот. Очекувам Македонците да играат ултра-офанзивно затоа што нема што да загубат, но мислам дека ние имаме одговор на тоа“.

Се вчитува...