Владан Новевски за печат на одличната сезона на Војводина – настап во Лигата на Европа! (ВИДЕО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Владан Новевски оваа пролет на најдобар можен начин се врати во првиот тим на Војводина која зад себе има извонредна сезона.

Новосаѓани завршувајќи ја сезоната веднаш зад белградска Црвена Звезда се изборија за настап во Лигата на Европа, а одличната година ја заокружија со пласман и во финалето од Купот на Србија каде, како што е познато, несреќено дури по пеналите, иако имаа водство и од 2-0 во регуларниот дел, го загубија трофејот, токму во пресметката со Црвена Звезда.

24-годишниот македонски фудбалер, кој игра на десната бековска позиција, но и деснокрилната офанзивна позиција, доби повторно свое место во тимот на Мирослав Тањга оваа пролет. Денеска го одигра и второто полувреме во убедливата победа на Војводина од 3-0 против Нови Пазар за печат на успешната сезона.

Владан Новевски беше дел од репрезентацијата на Македонија предводена од Горан Станиќ која се избори за елитни квалификации за пласман на Европското првенство до 2017 година, а досега во својата кариера, покрај за Војводина од чии редови и фудбалски потекнува, има настапи и за уште еден српскиот суперлигаш, екипата на Вождовац.

Се вчитува...