Владата ја зголеми наградата за олимпискиот херој Георгиевски

Сребрениот македонски олимпиец Дејан Георгиевски беше на специјален прием кај Премиерот Зоран Заев, при што од Владата беше соошштено дека се зголемува паричната награда за фантастичниот успех на нашиот таеквондист.

Од претходно беше одлучено наградата за Георгиевски да изнесува 1,2 милиони денари, а со одлуката на 93. Владина седница, оваа сума сега изнесува 1,8 милиони денари.  Покрај ова, АМС и МОК му доделија на Георгиевски уште по 600 илјади денари, а Град Скопје 300 илјади.

„Ми беше задоволство лично да ги пренесам честитките до сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски, носителот на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио во теквондо. Дејан стана пример и модел за младите дека ништо не е недостижно, дури и олимписките врвови кога талентот оди заедно со посветеноста за најдобри резултати и со упорноста да се постигнат“, изјави Премиерот Зоран Заев.

Се вчитува...