Владата конечно се премисли: Младинските лиги можат да почнат

Младинските лиги во сите спортови во Македонија конечно ќе можат да стартуваат по денешната одлука на Владата за укинување на задолжителното тестирање на спортистите пред секој натпревар или поседување на сертификат за вакцинација.

Ова беше одлука донесена уште пред извесно време, по што клубовите протестираа тврдејќи дека значително ќе се зголемат трошоците за сите екипи, поради што шампионатите не беа стартувани. Сепак, Агенцијата за млади и спорт испрати барање до Комисијата за заразни болести, по чиј одговор следеше и одлуката на денешната седница на Владата.

„На оваа седница е прифатена препораката на Комисијата за заразни болести да се прифати барањето на Агенцијата за млади и спорт да се дозволи организирање и учество на натпревари во сите спортски во категориите пионери, младинци и кадети без приложен сертификат за вакцинација, со заклучок дека останува препораката да се вакцинираат сите за кои е одобрена вакцинацијата, вклучувајќи ги и децата и младинците од 12 годишна возраст натаму“, се вели во владиното соопштение.

Се вчитува...