Владата одлучи: Спортските објекти од ЈП одат во рацете на општините и федерациите

Најголема болка на спортска Македонија е инфраструктурата и во тој поглед Владата на Република Македонија планира значајни промени, кои на денешната прес – конференција ги истакна премиерот Зоран Заев, во друштво на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

„Планот е да се укине Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти, а истите ќе бидат префрлени под јурисдикција на општините и на големите спортски федерации. На таков начин, директно спортските федерации ќе добијат можност да раководат со овие објекти, но ќе имаат обврска и за вдомување на дел од помалите федерации. Сето ова е во насока на подобрување на функционирањето на спортските објекти од кои дел беа запоставени во изминатиот период“, изјави Зоран Заев на денешната прес – конференција во Владата на РМ.

Се вчитува...