Владата се премисли: Спортот останува без публика!

Спортските настани во Македонија ќе продолжат да се одвиваат без присуство на публика и во наредниот период, одлучи Владата на РСМ на денешната седница. На оваа седница беа донесени одлуки за бројни олеснувања во јавниот живот по намалените бројки на заразени од Covid-19. Сепак, наместо истото да се однесува и на спортот, овие настани беа издвоени од останатите јавни настани, па со посебен акцент е ставено до знаење дека тие ќе продолжат без физичко присуство на публика.

Ваквиот исход е огромно изненадување со оглед на вчерашната изјава на Министерот за Здравство, Венко Филипче, за медиумите истакна дека и спортските натпревари ќе почнат да се одржуваат пред публика, со ограничен број во зависност од капацитетот на арените.

„Како дел од овие мерки е и одлуката дека сите настани и други слични јавни активности (културни, научни и забавни) може да продолжат да се одржуваат согласно наменските протоколи до 30 % исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50% исполнетост на отворените простори. Спортските настани и понатаму се организираат без физичко на присуство на публика“, се вели во денешната одлука на Владата.

Се вчитува...