Владе Дивац во „Куќата на славните“

Владе Дивац влегува во „Куќата на славните“ како дел од класата 2019. Информацијата нема официјална потврда, но ја објави ЕСПН и се очекува српската кошаркарска легенда да биде на списокот на ѕвезди чие име на 8.април ќе се најде меѓу најголемите во НБА.

Дивац кој е директор на Сакраменто во текот на кариерата настапуваше за Лос Анџелес Лејкерс, Шарлот и за Сакраменто и е само еден од седумте играчи кој има најмалку 13 000 поени, 9000 скокови, 3000 асистенции и 1500 блокади. Дивац е вториот Србин по Дражен Далипагиќ кој влегува во Куќата на славните.

 

Се вчитува...