Владимир Ѓоровиќ назначен за селектор на женската кошаркарска репрезентација на Македонија

Владимир Ѓоровиќ e назначен за нов предводник на женската кошаркарска репрезентација на Македонија. Искусниот тренер на Струга 2009 во текот на летниот период работеше со сениорските репрезентативки пред почетокот на натпреварувачката сезона, а за првпат во својата кариера ќе застане на чело на сениорскиот национален тим.

Веќе в понеделник е закажан првиот собир на националната селекција која за точно две седмици ќе го одигра првиот натпревар во рамки на квалификациите за Европското првенство 2021. Првиот натпревар од квалификациите е закажан за 14. ноември на гости кај Германија, додека три дена подоцна Македонија ќе ја пречека Летонија.

Се вчитува...