Владимир Кличко најавува враќање во рингот!?

Поранешниот крал во тешка категорија, Владимир Кличко размислува за враќање во рингот.

Искусниот 43-годишен украински боксер на својот официјален твитер профил ги постави имињата на Деонтај Вајлдер, Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, барајќи од своите фанови мислење во анкетата околу можна борба против наведените тројца боксери.

 

Кличко во 2015 година загуби од Фјури, кој ја прекина неговата долгогодишна доминација, а во 2017 година загуби и од Џошуа во епска борба, додека со Вајлдер досега нема ниту еден меч. Во кариерата, Кличко има 64 победи и само пет порази.

Се вчитува...