Влахо: Пелистер секогаш е фудбалски предизвик, но Работнички има големи амбиции во Купот

Тренерот на Работнички, Александар Влахо, вели дека гостувањето во Битола секогаш е фудбалски предизвик, со оглед на клупското реноме на Пелистер, но се надева дека Работнички ќе оствари успех на утрешниот прв осминафинален натпревар во Купот на Македонија.

„Пелистер е бренд во македонскиот фудбал и без разлика што сега е второлигаш, дуелот против битолскиот тим за Работнички е предизвик. Го респектираме противникот, но ние имаме големи амбиции во куп-натпреварувањето и ќе сториме се да за извлечеме позитивен резултат во Битола. Со оглед дека влеговме во ритам на натпревари недела – среда – недела, ќе се обидеме да одмориме дел од фудбалерите и да внесеме свежина во тимот. Сепак, нашата цел е јасна, да оствариме позитивен резултат“, изјави шефот на стручниот штаб на „романтичарите“, Александар Влахо, за официјалниот сајт на клубот.

Првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија меѓу Пелистер и Работнички е закажан за 15.30 часот под „Тумбе Кафе“ во Битола, а ќе го суди Марјан Стојановски од Кичево.

Се вчитува...