Влахо: Победите носат задоволство, но сега не чека вистински тест против Македонија ЃП

Работнички оствари убедлива победа (0-3) на гости против Слога Виница и се пласира во осминафиналето на Купот, надоврзувајќи се на триумфот од 2-0 против Брегалница во 6. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Шефот на стручниот штаб Александар Влахо е задоволен од изданието на неговите избраници во Виница потенцирајќи дека сега целиот фокус е кон дуелот со Македонија ЃП.

„Фудбалерите одиграа максимално професионално на куп-дуелот против Слога Виница, стигнавме до заслужен триумф и продолживме во победнички ритам по неделниот меч со Брегалница. Задоволен сум од односот на фудбалерите кон играта и исполнувањето на тактичките замисли, покажавме зрелост и знаевме да се носиме со предизвикот. Сега би сакале да продолжиме во исто темпо и во Ѓорче Петров. Не очекува тешко гостување кај Македонија ЃП. Меѓусебните мечеви со овој противник секогаш се тешки и неизвесни до самиот крај, а победува оној што ќе ги сведе своите грешки на минимум. Се надевам дека фудбалерите и овој натпревар ќе го одиграат според реномето на Работнички“ – вели Александар Влахо во изјава за официјалната интернет-страница на клубот.

Се вчитува...