Влаховиќ ги казни промашувањата на Интер

Предноста од два бода на Интер во однос на Јувентус експресно се истопи откако тимот на Антонио Конте вечерва ремизираше 1-1 на гостувањето против Фиорентина.

„Нероаѕурите“ со право ќе жалат за двата бода бидејќи речиси цел меч имаа водство по голот на Борба Валеро во 8. минута. При резултат 0-1 со ВАР му беше поништен гол на Лаутаро Мартинез, а Ромелу Лукаку промаши две извонредни шанси, по што казната стигна во судиското продолжение.

Влаховиќ, кој влезе во игра во второто полувреме, беше херојот на „виолетовите“ откако со силен и прецизен удар од петнаесетина метри го матираше Хандановиќ.

Интер и Јувентус по 16 одиграни кола се наоѓаат на делба на првото место со по 39 бода, пред Лацио со 33, со тоа што римскиот клуб има и меч помалку од двете водечки екипи.

 

Се вчитува...